МакедонијаНајново

ГРАЃАНИТЕ ДОБИВАЛЕ ПОРАКИ ДЕКА СЕ ПРЕДМЕТ НА ПРАВНИ ПОСТАПКИ: Измами во име на МВР, внимавајте

Граѓаните да внимаваат на опасни измами во име на Министерството за внатрешни работи(МВР). 

Секторот за компјутерски криминал при Министерството за внатрешни работи (МВР) известува за зголемен број измами во кои се користат фишинг-напади и лажно претставување во име на министерот за внатрешни работи и директорот на Бирото за јавна безбедност. 

„Главната цел на овие измами е прибирање на лични податоци или насочување на жртвите кон лажни веб-страници за понатамошна злоупотреба. Фишинг-пораките обично пристигнуваат преку електронска пошта, но зачестени се и обидите преку социјални мрежи, СМС пораки или телефонски повици. Некои граѓани добивале известувања дека се предмет на правни постапки за измислени дела и се повикувани да контактираат со испраќачот преку апликации како Вибер или Телеграм“, соопштија од полицијата. 

Оваа година имаше неколку предупредувања, граѓаните да внимаваат на измами чија цел е прибавување на лични податоци. 

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons