ГОРИВАТА ПОСКАПУВААТ – Регулаторот определи нови повисоки цени и за бензините и за дизелот
Регулаторната комисија за енергетика донесе oдлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,06 отсто во однос на последната одлука.
– Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 4,946 отсто, кај дизелот за 4,784 проценти, кај екстра лесното масло за 4,793 отсто и кај мазутот има зголемување за 1,892 проценти.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,224 отсто – наведуваат во соопштението од РКЕ.
Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,50 денар за литар.
Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемуваат за 2,00 денари за литар.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,505 денари за килограм.
Од 11.4.2023 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 84,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 87,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 74,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 73,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 41,079 (денари/килограм)
Ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 11.4.2023 година.