Актуелно

Главниот кризен штаб ја прифати препораката за неносење маски во затворен простор 

Главниот координативен кризен штаб синоќа ги усвои заклучокот на Комисијата за заразни болести за укинувањето на обврската за носење на маски за време на физичката настава во средните училишта, како и укинувањето на забраната за екскурзии и настава во природа.

Усвоен е и заклучокот за укинување на обврската за носење на заштитни маски во затворен простор, со исклучок на здравствените установи, јавниот превоз, аптеките и домовите за возрасни лица.

За овие заклучоци конечна одлука треба да донесе Владата на наредната седница. 

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons