Вчера поминаа со опомени – Ќе има казни за несовесните пешаци и велосипедисти
Вчера официјално стапија на сила законските измени за побезбеден сообраќај. Слушалки на уши и зборување на телефонски уред е забрането со цел пешаците и возачите на велосипеди и електрични тротинети да бидат сконцентрирани на сообраќајот!
Согласно законските измени, казната за поминување на пешачки премин со телефон во рака или на уво е 40 евра, а за возење тротинет, мотор или трактор со користење на електронски уред казната е 50 евра, но според сликата од терен вчера, со оглед дека не сите граѓани беа запознаени со новините, сообраќајната полиција само опоменуваше.
Ни скопските улици и булевари, можеше да се забележи по некој пешак кој минува на пешачки со слушалки во уши, но не беа казнети, сведочат повеќето скопјани. Сообраќајната полиција само ги опоменување и ги информираше за новините во законот. Ова важи и за возачите на велосипеди и електрични тротинети.