Времето денеска: Сончево и топло со температури до 29 степени
Времето денеска ќе биде сончево и топло, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Наместа ќе дува засилен ветер од јужен правец со над 60 километри на час. Попладне и навечер во северозападните делови од државата ќе има услови за краткотраен пороен дожд и грмежи.
„Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 11, а максималната ќе достигне од 22 до 29 степени“,
прогнозираат синоптичарите.
И во главниот град времето ќе биде сончево и топло со максимална тепература и до 29 степени.
Според прогнозата на УХМР, во недела на неколку, а од понеделник на повеќе места се очекува да врне пороен дожд, проследен со грмежи, но краткотрајно во форма на невреме.
Од вторник се очекува опаѓање на тепературата и се очекуваат врнежи од дожд, а на планините и повисоките места и снег.
Потоа, ќе следува период на стабилно време, но со ниски утрински температури.