Локално

Во пожар изгоре куќа на повозрасни жители од делчевското село Тработивиште

Во делчевското село Тработивиште денеска се расчистуваат остатоци од куќата на двајца повозрасни жители на селото И.О. и П.О. , која ноќеска по полноќ изгоре во пожар.

Пожарот во ОВР Делчево бил пријавен на 18.08.2024 во 00:30 часот, а истиот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Делчево.

Лицата кои биле затекнати во куќата, која била зафатена од пожарот за среќа не биле повредени.

Увид на местото на настанот извршила полициска екипа која работи на утврдување на причините за пожарот.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons