Македонија

ВМРО-ДПМНЕ без коалицијата ВЛЕН во моментов има обезбедено 63-64 пратеници изјави Трајанов

ВМРО-ДПМНЕ без коалицијата ВЛЕН во моментов има обезбедено 63-64 пратеници, изјави во вечерашното издание на емисијата Аргумент+, претседателот на Демократски Сојуз, Павле Трајанов.

Тој не сакаше да прецизира кои се тие пратеници, но посочи дека се тоа пратеници од помалите партии кои порано но и сега се дел од коалицијата предводена од Социјалдемократскиот сојуз. На прашањето ако се водиме од тоа кои од помалите партии од коалицијата со СДСМ и ДУИ, сега освоија пратенички мандат како ЛДП, НСДП и други, Трајанов нагласи дека тоа го остава на партиите да изнесат кои се тие. Вака широко организиран фронт изјави Трајанов, на ВМРО-ДПМНЕ му бил потребен за гласање на измените на Законот за Влада со цел да се дојде до реализација на изборните ветувања за нова структура на Владата со нови ресори или со укинување и прегрупирање на некои од нив, како и на многу агенции.

Во контекст на свечената заклетва на претседателката Силјановска Давкова во која го иззема новото уставно име на државата, Трајанов рече дека очекува набрзо да се стиши оваа галама и дека секако мора да се почитуват меѓународните договори но и да се покаже поголем сенс за нашите идентитетски одредби и потреби од страна на соседите Грција, Бугарија а потоа и од САД и ЕУ.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons