Актуелно

Владата прогласи кризна состојба поради пожарите 


Доцна синоќа Владата,, како резултат на топлотниот бран и состојбата со пожарите, донесе одлуката за постоење на кризна состојба во траење од 30 дена. Со тоа ќе бидат ангажирани и полициски сили во гаснењето на пожарите, а од претседателката Гордана Силјановска Давкова ќе биде побарано да биде ангажирана армијата.- За операционализација на Одлуката за постоење на кризна состојба заради зголемена појава на пожари на територијата на Република Северна Македонија, а врз основа на дадениот предлог на Управувачкиот комитет за координација и управување со системот за управување со кризи, Владата на Република Северна Македонија му предлага на Претседателот на Република Северна Македонија да одлучи за учество на дел од припадниците на Армијата на Република Северна Македонија (вид и број на сили и капацитети на армиските единици, намена и задачи за кои се бараат и времетраењето на активноста и ангажираноста на армиските единици), во справувањето со кризната состојба, објави Владата.

Истовремено, Владата упатува апел до граѓаните за внимателност при движењето во шуми и шумските појаси и областите зафатени со пожари.- За ова, се задолжува Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во соработка со Јавното претпријатие за стопанисување со државните шуми „Национални шуми“ – П.О. Скопје, за наредната седница на Владата да информира за состојбите и потребата од ограничување на движењето на лица во шумите и шумските појаси, додаваат од таму.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons