Актуелно

Вирусите ги наполнија болниците 

Зголемениот број на пациенти со респираторни инфекции се резултат на долгот кој го враќаме кон вирусите кои беа потиснувани изминатите две години со рестриктивните мерки поради Ковидот. Ова е ставот на професорот Драган Даниловски зошто секој втор човек е со растечен нос или кашла. Според него имунитетот за сезонските вируси е краткотраен.

– Целата работа ќе се случува се додека нашиот имунитет не ги запознае старите “непријатели “ и не се зајакне имунитетот, изјави епидемиологот проф.д-р Драган Даниловски.

Професорот Даниловски е категоричен дека Ковидот е “завршена” работа. И по празниците ќе има новозаразени исто како и со останатите сезонски вируси, но бројките нема да бидат алармантни.

– Нема да има „Цунами” туку состојбата ќе биде иста како и со останатите сезонски вируси, додаде професорот Даниловски.

Зголемениот број пациенти со пневмонии периодов според професорот Даниловски се резултат на резистенцијата кон најчесто користените антибиотици и прекумерната употреба во лекување на вирусниот Ковид.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons