АктуелноХроника

(Видео) Трагедија во Македонија: Три лица го загубија животот меѓу кои и 15 годишно девојче во тешка сообраќајка

Три жртви во тешката сообраќајна несреќа на автопатот Штип – Свети Николе на околу половина километар од патарината кај село Кадрифаково. Несреќата се случила во 12:10 часот меѓу две возила.

Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова, за МИА потврдува дека станува збор за несреќа во која животите на самото место ги загубиле 15-годишно девојче и 62-годишна жена. Повредени има и тоа со тешки телесни повреди, нивниот број се уште не се знае, а од страна на екипите на Брзата помош се транспортирани во штипската Клиничка болница.

Возила на Брза помош и на Територијалната Противпожарна единица – Штип се на терен, сообраќајот на автопатот во правец од Штип до клучката кај Кадрифаково е во прекин, а полицијата го пренасочува по стариот регионален пат.

Видео на линкот.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons