(ВИДЕО) Како за 90 секунди се евакуирани речиси 400 патници од запалениот авион во Токио?
Сите 379 патници и членови на екипажот од авионот на „Japan Airlines“, кој се запали на аеродромот во Токио по падот, се евакуирани.
Тие биле евакуирани за само 90 секунди пред пламенот да го зафати трупот на авионот, соопшти противпожарната служба.
Иако драматичните снимки покажуваат како авионот се движи по пистата зафатен од пламен, сите во авионот се безбедно евакуирани.
За време на евакуацијата, која траела само 90 секунди, патниците и членовите на екипажот користеле воздушни лизгалки кои се користат во итни случаи.
Во авионот Ербас А350-900 имало вкупно 379 лица.
Инцидентот се случил на аеродромот Ханеда кога патнички авион се судрил со авион на јапонската крајбрежна стража при слетување.
При судирот загинале пет членови на екипажот на авионот на крајбрежната стража, кои биле на пат да достават помош за настраданите од разорниот земјотрес, јавуваат јапонските медиуми.