Велес добива современ центар за згрижување на бездомни миленици и ветеринарно здравство!
Градоначалникот на Велес, Марко Колев објави дека е во завршна фаза изградбата на Регионалниот центар за згрижување на бездомни миленици и ветеринарно здравство!
Со овој регионален центар системски го решаваме проблемот со кучињата скитници во општините Велес, Кавадарци, Неготино, Чашка, Свети Николе, Лозово, Демир Капија, Градско и Росоман, обезбедувајќи хуман третман за кучињата, но пред се безбедност за граѓаните.
Продолжуваме посветено!