Актуелно

ВАЖНО ЗА ВОЗАЧИТЕ: Од полноќ има нови цени на горивата 

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги  донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,87 отсто во однос на одлуката од 31 август 2023 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат во просек намалување кај бензините за 0,323 отсто, кај дизелот зголемување за 4,575 отсто, кај екстра лесното масло зголемувањето е за 4,647 отсто и кај мазутот зголемувањето е за 3,754 отсто.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,486 отсто

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 не се менуваат.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 2,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемува за 2,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,489 ден/кг и сега ќе изнесува 45,031 ден/кг. 

Од 4.8.2023 година од 00:01 часот максималните цени на  нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензинЕУРОСУПЕР БС – 95     85,50 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98     87,50 (денари/литар)

Дизел горивоЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V)       78,50 (денари/литар)

Масло за горењеЕкстра лесно 1 (ЕЛ-1)     78,00 (денари/литар)

Мазут М-1 НС     45,031 (денари/килограм)

Напоменуваат дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 4.8.2023 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons