Булеварите „Илинденска“ и „8 Септември“ во Скопје затворени за Самитот на ОБСЕ
Булеварите „Илинденска“ на потегот од Владата до Сити мол, како и „8ми Септември“ на потегот од Хубо маркет па се до „Партизански одреди“, ќе бидат затворени за време на Самитот на ОБСЕ за време на одржувањето во Скопје.
Ова го потврди министерот кој гостуваше во дневникот на МТВ на тема организација и безбедност на самитот на ОБСЕ кој ќе се одржи следната недела на 30 ноември и 1 декември во салата „Борис Трајковски“ како најважен настан што ќе ја одбележи оваа година на кој нашата држава ќе биде домаќин.
Се очекува да пристагнат околу 70 делегации на ОБСЕ коишто се предводени на највисоко ниво од министри за надворешни работи и луѓе коишто ќе бидат во тимовите.
„Некаде вкупно околу 1000 лица, претставници на делегации и партнери од ОБСЕ, од коишто 55 делегации ќе имаме од трет степен на безбедност и неколку делегации на пониско ниво, четврт и пониско ниво на безбедност. Сите активности заедно, нашиот Оддел за заштита на определени личности и објекти со сите други структури на министерството за внатрешни работи, како и со владините институции коишто се вклучени во организацијата, се подготвени да ги пречекаме овие гости и самитот да се одвива на задоволително ниво за сите нас“, потенцираше министерот.
Според Спасовски, МВР е максимално подготвено и посветено да ја гарантира безбедноста на сите делегации, а воедно да го гарантира и нормалното функционирање на државата во овој период.
„Се што е потребно логистички е обезбедено, сите лица коишто учествуваат од страна на МВР им се направени посебни обуки за да се приспособат на овој настан и на потребите на настанот, така што, сме подготвени и ќе се реализира целосно планот којшто е подготвен за реализацијата на настанот. Вклучени се и вработени во армијата. Тие ќе бидат вклучени во еден сегмент, којшто практично ќе помогне во транспортирањето на делегациите. Така што и од службата за Општи заеднички работи и други министерства… Носителот на активноста, министерството за надворешни работи секако дека е тој што ги води овие активности и ги организира, така да сите структури и сите институции мора да бидат во функција на добро организирање и одлична реализација на целиот настан“, рече Спасовски.