Спорт

Бугарскиот селектор поднесе оставка, поразот од Грузија му пресуди 

Селекторот на Бугарија, Јасен Петров си поднесе оставка по поразот од Грузија од 5-2.

Бугарија успеа да извади реми против Македонија, тогаш Петров го преживеа притисокот, но денешниот загубен меч против Грузија беше премногу за да се задржи на клупата на Бугарите. По мечот тој си поднесе неотповиклива оставка, а тоа значи дека Бугарија во Скопје ќе ни дојде со нов селектор. 

„Сакам да им се извинам на навивачите кои дојдоа бидејќи не го заслужија тоа што го видоа. Јас немам морално право да останам на оваа позиција. Ќе се разделиме тука бидејќи ја преземам целата одговорност за овој срам. Треба да дојде нов човек кој подобро ќе ги мотивира фудбалерите. Ова дефинитивно беше мојот последен меч како селектор“, изјави Јасен Петров по мечот.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons