Македонија

Бугарската такса за руски гас може да ги поскапи струјата и парното за 20%

Бугарската такса за транзит на руски гас може да ги поскапи струјата и парното за 20%, вели премиерот Ковачевски.  Затоа, земјавата нема да се откаже од барањето Бугарија да ослободи дополнителни капацитети за пренос, кои ќе овозможат набавка на поевтин гас од други држави.  Веќе реагирале до Европаската Унија, а ако треба, Ковачевски најавува дека правдата ќе ја бара пред меѓународните судови.

Ќе бараме бугарската такса да не важи за нас затоа што е наметната неправедно и нема ништо заедничко со пазарните принципи и со директивите на Европската Унија. Ако има потреба реакциите ќе бидат испратени и пред меѓународните судови. И јас и министерот за економија реагиравме во Европската комисија, јас преку претседателката на ЕК, тој преку соодветните директорати дека оваа такса е нешто што не треба да биде воведено со оглед на тоа што целокупниот капацитет на влезната страна кон С Македонија е даден од страна на Бугарија на „Газпром“, изјави премиерот Димитар Ковечевски.

Изјавата доаѓа откако Европската Комисија и дозволи на Бугарија да наплаќа по 10 долари за транзит на руски гас. Одлуката си ја носи Бугарија и нејзино право е како ќе си ги троши очекуваните 1,5 милијарди евра годишно, само од новата давачка, велат од Комисијата.

Таксите што ги наплаќа Бугарија за транзит на рускиот гас за Србија, Унгарија и Северна Македонија се национална мерка и затоа право на Бугарија е да одлучи каде ќе ги насочи овие приходите, изјави Мекфи, потсетувајќи дека во 11-те пакет-мерки што ЕУ ги воведе против Русија, во делот на енергенсите санкции се предвидени само за нафтата и јагленот, но не и за гасот, изјави Тим Мекфи, портпарол на ЕК.

Бугарија од 13 ти октомври му наложи на Гаспром за плаќа по 10 долари за транзит на мегават гас, кој го користат Македонија, Србија и Унгарија. Според проценките, за оваа грејна сезона ќе ни бидат потребни околу 370 милиони метри кубни гас.

Земјава бара Бугарија да ни олободи дел од капацитетот на гасоводот, кој Гаспром ги има закупено 100%, за да може 190 милиони кубни метри гас да се набавуваат од други извори. Минатата година Бугарија ни овозможи, а за оваа се уште се нема изјаснето.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons