Братот на ракометарот Тот: Денис почина од срцев удар, а не од тепачка
Во текот на денот се појавија разни верзии за смртта на Денис Тот. Првата беше дека тој е претепан во дискотеката „Привилиџ“ и со тешки повреди е однесен во болница.
Од КАРИЛ, МВР и Брза помош негираа дека ракометарот имал телесни повреди. А тоа сега кажува и неговиот брат, Борис Тот кој вели дека Денис починал од срцев удар.
„Благодарност до господата новинари на „професионално“ завршената работа. Може вам само да ви биде срам поради пласирањето на дезинформации во јавноста и ширење на лаги за собирање на кликови. Денис почина од срцев удар, а не од било какви телесни повреди, тепачка и останати глупости кои во текот на денот беа напишани. Срамота е на туѓа несреќа да градите публицитет“, напиша Борис Тот на социјалните мрежи.