МакедонијаНајново

БРАВО за ова дете: 9-годишниот Павел го фати Светиот крст во Дебар, најсреќен беше и лани 

-Пресреќен сум. Посакувам здравје и среќа за сите, рече Павел.

Во Дебар најсреќен беше деветгодишниот Павел Ангеловски, кој и минатата година го фати светиот крст, положен во водата на базенот во дворот на црквата „Света Петка“, каде е и седиштето на Дебарската парохија.

– Пресреќен сум. Посакувам здравје и среќа за сите, рече Павел.

По светиот крст се фрлија Павел и Дарко Блажевски.

Годинашните кумови, семејството на Љупчо и Татјана Узуновски, соодветно го даруваа и Павел и верниците.

Пред положувањето на светиот крст, намесникот на Дебарската парохија Миле Ангеловски, отслужи Света Златоустова литургија на која присуствуваа и дебрани кои денес живеат во други градови во земјава.

Големиот христијански празник, Богојавление – Водици се одбележува и во населените места во поширокиот дебарски регион. По повод Водици, дојдени се поранешни жители и нивните потомци. По празнувањето посебно се препознатливи селата Битуше, Горенци, Гари и Долно Мелничани. (МИА)

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons