МакедонијаНајново

Боки 13 е на операција за отстранување на желудникот 

Во тек е операција на Бојан Јовановски-Боки 13 во болницата „Св.Наум Охридски Скопје“, пренесува „Макфакс“. Тој утринава бил однесен во операциона сала, каде треба да му биде извршен оперативниот зафат.

Адвокатот Владимир Туфегџиќ, полномошник на Јовановски-Боки 13 за „Макфакс“ ја потврдува информацијата и посочува дека станува збор за сложена интервенција која е ризична и животно-загрозувачка.

„По завршување на сите медицински испитувања, денеска во Универзитетската клиника за хируршки болести Св.Наум Охридски Скопје, се извршува хируршка интервенција врз Бојан Јовановски од страна на тим од повеќе специјалисти – хирурзи. Станува збор за исклучително сложена хируршка интервенција која е високо ризична и животно загрозувчка, на чии последици повеќе пати навремено писмено укажуваа лекарите специјалисти од областа“, вели адвокатот Туфегџиќ за „Макфакс“.

Дека ќе дојде до операција се навестуваше месеци наназад од страна на Јовановски-Боки 13 и неговиот адвокатски тим. Тие бараа хуман третман и да бидат почитувани мислењата од докторите од болницата „Св.Наум Охридски Скопје“ кои ординираа терапија и кажаа дека состојбата не може да се санира во затворски услови. Адвокатот Туфегџиќ посочи дека операцијата можеше да се одбегне ако надлежните органи односно Кривичниот суд и Управата за извршување санкции постапеле правилно.

„Сето ова можеше да се одбегне доколку од страна на надлежните органи беше овозможен времен прекин на издржувањето на казната затвор за да може пациентот да го спроведе задолжителниот строг медицински режим во домашни услови, бидејќи истото беше невозможно да се спроведе во пенални услови, а кое нешто во изминатите 7 месеци е констатирано во бројните медицински специјалистички извештаи на лекарите специјалисти од областа“, додава Туфегџиќ за „Макфакс“. 

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons