Свет

Американскиот министер за одбрана: Европа мора повеќе да троши на одбраната 

Европските земји мора да инвестираат во одбраната сега бидејќи не е можно да се претпостави дека американското присуство на континентот ќе трае вечно, изјави денеска американскиот секретар за одбрана Пит Хегсет за време на посетата на Варшава.

Хегсет ја пофали Полска, која како членка на НАТО планира да потроши 4,7 отсто од својот БДП за одбрана оваа година, објави Ројтерс.

Американскиот секретар за одбрана на прес-конференција ги повика европските членки на НАТО сега повеќе да инвестираат во одбраната бидејќи американското присуство на континентот нема да трае вечно, имајќи предвид дека САД, како што наведе, се соочуваат со многу закани, меѓу кои и Кина.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons