Актуелно

Американски координатор за борба против корупцијата во ненајавена посета во Скопје 

Американски координатор за борба против корупцијата во ненајавена посета во Скопје

Глобалниот координатор за борба против корупцијата од американскиот Стејт департмент, Ричард Нефју, престојуваше во Скопје во ненајавена посета. Придружуван од амбасадорката Ангела Агелер, тој се сретна со претседателот Стево Пендаровски.

„На средбата се разговараше за актуелни прашања поврзани со борбата против корупцијата и заложбите на државата да создаде ефикасен систем за спречување на корупцијата и судирот на интереси. Претседателот Пендаровски истакна дека борбата против криминалот и корупцијата, на секое ниво, вклучително и високата корупција е исклучително важна во напорите да се изгради владеење на правото и да се стекне доверба на граѓаните во институциите“, пишува во соопштението од неговиот кабинет без други детали.

Нефју не остварил средби со други државни претставници или со челници на судската власт кои во последно време беа мета на критики, особено од САД, за неефикасност, непотизам и немање резултати во борбата против корупцијата и организираниот криминал.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons