Свет

Албанската и косовската армија да се обединат против Србија, вели Нѓела 

Има повик за обединување на албанската и косовската армија против Србија. 

Еден од најпознатите албански адвокати и поранешен министер за правда, Спартак Нѓела излезе со посебен предлог за „двете албански држави Косово и Албанија“, пишуваат албанските медиуми.

Преку објава на Фејсбук побара обединување на војските на Косово и Албанија, бидејќи, вели дека модерна и силна обединета армија е историска потреба за Албанците и таа почнала да се создава и многу брзо ќе оди напред.

„Албанците мора да бидат воено подготвени против Србија: Србија е родена од ништо, создадена од криминал врз Албанците и ја искористи, не својата моќ, туку моќта на европските држави кои беа во борба со Арберија и албанизмот, најмалку 200 години пред Србите“, пишува тој.

Сличен став, но за целосно обединување на „двете албански држави“ деновиве изнесе албанскиот политички аналитичар и поранешен носител на значајни функции, Бен Блуши. 

Тој оценува дека Косово има само еден излез од неволјите на една многу мала земја, без море, со скромна економија, со многу емиграција и со толку голем граничен притисок од сите страни а тоа е да се приклучи кон Албанија.

Овие изјави доаѓаат во време кога руските сили војуваат во Украина, а една од целите е припојување на територии населени со Руси кон Русија. Блуши прашува ако нешто важи за Доњецк и Луганск, зошто да не важи за Албанија и Косово, и тие да можат да се обединат. 

Неодамна Србија купи ново оружје, но и Косово сега се вооружува.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons