Актуелно

Алармантни бројки од Клиниката за неврологија 

Малолетници со мултиплекс склероза, 20 годишни со мозочни удари. Застрашувачка пост ковид состојба на Клиниката за неврологија. Лекарите алармираат дека е неочекувано многу млади и работоспособни без хронични болести да завршуваат на одделот за интензивна нега поради излив во мозокот. Бројките се зголемени а болничките соби полни со пациенти.

-Нашите оддели за цереброваскуларни болести се преоптеретени со млади пациенти, млади кои условно кажано немаат претходни коморбидитети..знаеме дека ризик фактори се долгододишен висок крвен притисок, срцеи заболувања, консумирање на алкохол..ова се млади работоспособни кои до вчера биле на работа и добле мозочен удар, вели проф. д-р Драгана Петровска Цветковска –претседател на македонско невролошко здружение

Алармантна е и состојбата со мултиплекс склероза која за разлика од порано, овие месеци лекарите ја дијагностицираат и кај 14, 15 и 16 годишни пациенти – многу млади што не е вообичаено, предупредуваат невролозите.

-Не само што се намалува старосната граница, туку и оние снимки од магнетна резонанца што ги гледаме тие големи плаки порано не сме ги гледале. Дали е тоа поврзано со ковидот или не не можеме да кажене. Но факт е дека ние излеговме од една пандемија и поврзаноста е очигледна иако се уште нема направено клинички испитувања за тоа, вели доц д-р Иван Барбов директор на Клиника за неврологија.

Ковид 19 за лекарите бил тригер фактор за откочување на автоимуните заболувања. Која е поврзаноста на вирусот со новата состојба невролозите не можат да даваат свои тврдења, но велат дека е факт зголемениот број на пациенти на Неврологија во пост ковид периодот.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons