TEЦ Неготино работи и загадува, мерните станици не регистрираат ПМ честички во воздухот (ФОТО) 

Вака изгледаше утрово работата на термоелектричната централа кај Неготино. ТЕЦ Неготино работи на мазут. Ова го регистрираа нашите читатели кои утрово поминаа покрај ТЕЦ Неготино, а мерните станици за загадување на воздухот на Министерството за заштита на животната средина покажуваат дека нема ни милиграм од ПМ честичките. Тие мерни станици и во Тетово, по големиот пожар пред два дена во складиштето со градежни материјали не покажа присуство на какви било отровни материи. Изгледа грешката е некаде на друго место.   

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons