Maкрон упати порака до руските сили во Украина
Францускиот претседател Емануел Макрон повика на повлекување на руските сили од нуклеарната централа Запорожје, јави дописникот на МИА. Тој денеска разговарал со украинскиот колега Володимир Зеленски.
Тој се плаши за безбедноста на украинските нуклеарни инсталации.
Русија ја презеде нуклеарната централа Запорожје, најголемата нуклеарна постројка во Европа, набргу откако ја нападна Украина во февруари.