Koлкав процент од граѓаните на Македонија не можат да си дозволат одмор? 

Повеќе од 65 отсто од граѓаните на Македонија не можат да си дозволат еднонеделен одмор на море, езеро или на планина. Ова се податоци на Евростат. 

„Најзагрозени се семејствата со еден родител, семејствата со повеќе деца, работниците со месечни примања помали од просекот и пензионерите“, пишува Левица на својот ФБ-профил. 

Последната анкета на Евростат, која е спроведена на повеќе од 40.000 испитаници, граѓани на Европската Унија, за тоа колку од нив не можат да си дозволат барем една недела одмор надвор од местото на живеење, покажа дека просекот е нешто над 28 отсто жители. Најлош е просекот во Романија (62 отсто), Бугарија (48 отсто), Грција (43 отсто) и во Хрватска (42 отсто). Секоја година постои висок процент на луѓе кои не можат да си дозволат одмор. Истото се однесува и за ручек надвор од дома. 

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons