Арбен Таравари повторно ја менува приказната како што му одговара. Два пати влезе и излезе од владината коалиција, како млада невеста што постојано ја прекинува свадбата. Денеска ВМРО-ДПМНЕ му е „злото“, а пред само два месеца со истото тоа ВМРО-ДПМНЕ гордо седеше воВладата. Фактите се јасни и недвосмислени: 1. Февруари 2024: Таравари самиот изјави дека и ВМРО-ДПМНЕ и СДС го гледале неговиот блок какопосакуван партнер. Дури признава и дека од Али Ахмети добивал неодоливи понуди „и прв албанскипремиер, и претседателски кандидат“. Ако тогаш ВМРО-ДПМНЕ не беше „зло“, зошто одеднаш стана? 2. 23 јуни 2024: Владата беше изгласана со партнерство помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и албанската опозицискакоалиција Вреди. Тоа беше јасна победа над матрицата на криминализираната ДУИ. 3. Мај 2025: Алијансата на Таравари ја напушти коалицијата со образложение за наводни „неисполнетиветувања“. Ама дел од неговата партија остана во Владата. Значи, проблемот не е идеологија, туку нештодруго. Можеби уцена!? А сега, за да се види колку е празна тезата „Владата е штетна“, да ги погледнеме бројките: прво, индустриско производство: +4.1% во јули 2025 во однос на јули 2024, второ, просечна бруто плата: +8.5% во јуни 2025 на годишно ниво, трето, реална плата: +3.8% поради стабилизирана инфлација, четврт, инфлација: 3.7% во јули 2025, далеку од двоцифрените пикови од времето на СДС и
Read More