Актуелно

Додека храната поскапува, има ли нешто што поевтинило?

Инфлацијата се искачи на 19,5 отсто на годишно ниво.

Трошоците за живот во ноември 2022 година скокнале за дури 19,5 отсто во споредба со истиот месец минатата година, објави денеска Државниот завод за статистика (ДЗС). Индексот на цените на мало во ноември годинава има зголемување од 15,2 отсто.

Најголемо е поскапувањето на храната и безалкохолните пијалоци, кои во ноември 2022 година се зголемени за 29,8 отсто. Сметките за домување, вода, електрична енергија, гас и други горива овој месец биле поголеми за 20 отсто во споредба со ноември лани. Цените на транспортот се поскапени за 16,5 отсто. 

Ако се направи споредба на индексот на трошоците на животот во ноември 2022 година во однос на претходниот месец, тогаш може да се забележи натамошно зголемување од 0,5 отсто, додека кај индексот на цените на мало порастот е 0,2 отсто.

Поевтинување во ноември, во споредба со октомври 2022 година се почувствувало преку намалување на индексите на трошоците на животот кај свежото и разладеното овошје за 8,9 отсто, кај маслото и маснотиите за 5 отсто, кај цените на воздухопловниот патнички транспорт за 11,2 отсто, кај фотографската и кинематографската опрема и оптичките инструменти за 2,7 отсто и кај течните горива за домаќинствата за 2,1 отсто. Има намалување на индексот на трошоците на живот и кај некои други производи и услуги, но тоа е околу или под 1 отсто.

Сојузот на синдикати на Македонија(ССМ) објави дека има ново зголемување на цената на минималната потрошувачка кошничка. 

Инаку, пратеникот од СДСМ од Куманово, Мартин Костовски, има информација кои големи газди од неговиот град не ги намалуваат цените на основните артикли, и покрај намалената струја и сите други мерки од Владата, и повика уште денеска итно да им се направи инспекција. 

foto freepik.com/demanna

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons