Лазаров го скрати списокот, остануваат 21 ракометар во комбинација за дуелите со Луксембург и Турција
Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Кире Лазаров денеска го објави скратениот список за престојните квалификациски натпревар за ЕП 2024 против Луксембург и Турција.
На првиот список имаше 35 ракометари, од него отпаднаа 14, по што останаа 21 играч кои ќе конкурираат за мечевите со Луксембург (12 октомври) во Скопје и Турција (16 октомври) на гости. Нема изненадувања на списокот од кој отпаднаа голманите Трајкоски и Гогов, крилата Ојлески, Димитриоски, Поповски, Никола Костески и Петковски, младиот пивотмен Симоноски, бековите Мишевски, Ѓорговски, Танкоски, Димитриовски и Саврески и дефанзивецот Омерагиќ. Собирот е закажан за ден 09.10.2022 година со почеток во 14.00 часот со Хотел Александар Палас во Скопје.