ЖЕНА ОД ВОЛКОВО ЗАВРШИЛА ВО БОЛНИЦА ОД ЌОТЕК ДОБИЕН ОД ДРУГИ ДВЕ – бизарен случај во околината на Скопје
Три жени се степале во скопско Волково, а едната завршила во болница поради здобиените повреди, информираше Министерството за внатрешни работи (МВР).
Тепачката се случила во саботата околу 11 часот, стои во полицискиот билтен.„Во СВР Скопје од Градската општа болница ‘8 Септември’ било пријавено дека кај нив била донесена Т.Ј.З.(28) од Скопје со повреди здобиени од физички напад. Според пријавеното, истиот ден околу 11.00 часот во селото Волково таа била физички нападната од две женски лица“, наведено е во полицискиот билтен.
Полицијата работи на расчистување на случајот, се додава во соопштението.