МакедонијаНајново

Никола Пановски: Не фрлајете пари за тестирање од Ковид-19 

Не е потребно граѓаните да даваат пари за тестирање од Ковид – 19  бидејќи со тоа непотребно ги трошат парите, смета имунологот Никола Пановски.

Во изјава за телевизија Сител тој наведува дека е потребна само неколкудневн аизолација. Според него, во моментов бројот на заболени е 10 пати поголем од официјалната статистика, а многу од младите не ни знаат дека биле заразени.

– Нема потреба граѓаните сами да се тестираат и да прават трошоци, туку да се изолираат неколку дена. Нема никаков ефект освен финансиска загуба од тестирање, иако е точно дека некои бараат изолација за да добијат боледување. Кога би бирал меѓу ковид и ангина, сега би одбрал ковид. Така да мислам дека тестирањето не значи ништо, рече Пановски.

Тој се согласува дека не треба да се враќаат дел од задолжителните мерки и дека граѓаните се веќе свесни за сопствената заштита.

– Гледам дека некои луѓе носат маски, што не беше случај пред три недели. Болниците се се уште празни и нема нешто што треба да се одложува. Што ако го одложиме две недели?, вели Пановски.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons