Македонија

Македонци однесени од бранови додека славеле роденден на Халкидики- еден е спасен, по две лица се трага

Државјанин на Македонија е спасен, а по две лица се трага во Посиди на првиот крак на Халкидики, откако тројцата влегле во морето, но веројатно биле повлечени од струите и брановите, поради лошото време, јави дописничката на МИА од Атина.

Не постои официјална потврда дали и исчезнатите две лица се македонски државјани.

Од Крајбрежната служба на Грција за дописничката на МИА од Атина потврдуваат дека спасениот е од Македонија, станува збор за 25-годишно момче и е во добра здравствена состојба, додека пак спасувачката акција што е во тек за пронаоѓање на двајцата исчезнати, чиј идентитет и националност не се познати, е во услови со силен ветер.

Во спасувачка акција на плажата Мити во Посиди според локалните медиуми учествуваат брод на крајбрежната служба, еден рибарски чамец и хеликоптер на военото воздухопловство.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons