На потег е ЕУ за почеток на преговори со Македонија и Албанија, порача Вархеји
Еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји денеска, по одлуката на бугарското Собрание да ѝ даде зелено светло на владата за одлука за прифаќање на францускиот предлог, порача дека сега на потег е ЕУ да одобри прва меѓувладина конференција со Македонија. Тој вчера пак, преку Твитер, покажа грижа за бугарските барања кон Македонија.
„Поздравете ја меѓупартиската одлука на бугарскиот парламентот кој дава јасен мандат за одобрување на францускиот предлог. Сега ни треба одлука на ЕУ за да ја одржиме првата меѓувладина конференција на ЕУ со МК и АЛ. Европа оди напред“!
Вархеји пак, вчера, пред почетокот на Самитот ЕУ-Западен Балкан, исто така преку Твитер порача дека ЕУ, преку францускиот предлог, водела грижа за бугарските интереси.
„ЕУ многу сериозно ги сфаќа сите бугарски грижи и тие сега се дел од преговарачкиот процес. Сега е моментот за одговорни одлуки. Западниот Балкан треба да биде дел од нашата Европска Унија“, порача Вархеји.
Заради овој твит, поранешниот евроамбасадор во Македонија Ерван Фуере денеска му порача на Вархејидека треба да се засрами и да си поднесе оставка.
„Како можете да ги поддржувате ‘сите бугарски грижи’ и да ги правите дел од преговарачкиот процес, кога некои од тие грижи се против сето она за што се залага ЕУ, му напиша како коментар Фуере на „твитот“ на Вархеји.