Акоста најбрз на спринтот во Малезија, Маркез ја зголеми предноста пред Мартин
Педро Акоста прв ја мина целта на спринт трката во Малезија, задоволен може да биде и Марк Маркез кој заврши втор и ја зголеми бодовната предност пред најголемиот ривал оваа сезона, Хорхе Мартин.
Акоста извозе одлична трка и на крајот се радуваше на триумф во Малезија. Второто место го освои Марк Маркез, а место на подиумот имаше и за Марко Бецеки.

Втората позиција на Маркез му донесе девет бода, за толку ја зголеми предноста пред Хорхе Мартин кој трките во Мелезија ги пропушта поради повреда на раката.

Главната трка за Големата награда на Малезија се вози утре (недела) со почеток од 8 часот.



