Спорт

Македонските каратисти тргнуваат кон Тирана – подготвени за нов европски предизвик

Македонската универзитетска карате репрезентација в понеделник заминува за Тирана, каде што од 9 до 11 септември ќе настапи на Европското универзитетско првенство во боречки спортови во организација на ЕУСА.

– Нашата репрезентација во Тирана заминува подготвена, мотивирана и со јасна желба за успех. По завршените подготовки македонските каратисти се подготвени да го дадат својот максимум и достојно да го престават Македонскиот универзитетски спорт и македонското карате на европска сцена. Свесни сме дека нѐ очекува исклучително силна конкуренција, но во Тирана заминуваме добро подготвени, единствено жалиме што на ова првенство поради организацискиот дел на пријавување нема да може да пријавиме тимови во машка и женска конкуренција во дисциплината кумите, затоа што организаторот воведе правило, сите студенти во екипниот дел да мора да бидат од ист универзитет, истакна селекторот Бошко Заборски

За Македонија ќе настапат: Вукашин Јовановиќ (-67 кг.), Петар Заборски (-75 кг.), Данило Божовиќ (-84 кг.), Реџеп Рушити (-84 кг.), Стефан Стојановиќ (+84 кг.), Рудине Алиу (-55 кг.), Јована Мицовска (-61 кг.), Викторија Јовановска (-68 кг.), Греса Мустафиу (+68 кг.) и Ердона Зибери (+68 кг.)

Во Тирана се очекува учество на повеќе од 1,500 студентски спортисти од околу 400 универзитети, кои ќе се натпреваруваат во конкуренција на карате, џудо, теквондо и кик-бокс. За Македонската универзитетска карате репрезентација настапот во Тирана е уште една можност да го потврди квалитетот и континуитетот на македонското карате на европските универзитетски натпревари.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons