Спорт

Роналдињо се врати во Италија: на 46 години започна нова фудбалска авантура

Роналдињо повторно е во центарот на вниманието на италијанската фудбалска јавност. Бразилската легенда пристигна во Равена, каде што ќе биде дел од амбициозен проект на клубот од Серија Ц.

На 46-годишна возраст, по пауза од повеќе од десет години од официјалниот фудбал, поранешниот освојувач на„Златната топка“ повторно се врати во Италија. Тој беше пречекан на аеродромот во Форли, а потоа се упати кон Равена за официјалното претставување.

„Многу сум среќен што сум тука со моите пријатели. Се надевам дека сè ќе оди добро со тимот“, порача Роналдињо.

Сè уште не е познато дали славниот Бразилец ќе запише официјален настап за Равена. Сепак, Роналдињо не ја исклучува можноста повторно да заигра и да постигне гол.

„Ако успеам да стигнам до 300-тиот гол, тоа би било уште поубаво“, изјави тој.

Последниот официјален натпревар Роналдињо го одигра во 2015 година за Флуминенсе. Во Равена, сепак, неговата задача нема да биде ограничена само на теренот. Тој ќе стане и акционер во клубот и ќе биде дел од проектот чија крајна цел е пласман во Серија Б.

Претседателот на РавенаИгнацио Чипријани, потврди дека Роналдињонема да настапи на првиот меч против Реџана, но истакна дека неговото присуство има многу поголемо значење за клубот.

Во Равена веруваат дека доаѓањето на една од најголемите фудбалски ѕвезди во последните децении ќе помогне да се зголеми интересот за клубот и повторно да се разбуди фудбалската атмосфера во градот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons