Спорт

Седум медали за Македонија во Сплит: Три сребра и четири бронзи на првата меѓународна завршница на СИМ

Македонските млади спортисти продолжуваат со одлични настапи на меѓународната завршница на Плазма Спортските игри на младите во Сплит. На своето историско прво учество на меѓународното финале, Македонија досега освои седум медали – три сребрени и четири бронзени.

Денешниот ден донесе дури пет нови одличја за македонските претставници, во пинг-понг и шах.

ТРИ МЕДАЛИ ВО ПИНГ-ПОНГ

Одличен настап имаа македонските претставници во пинг-понг. Јован Пармачки од Берово го освои второто место во машка конкуренција и се закити со сребрен медал. Мартин Ристевски од Прилеп заврши на третото место и освои бронза, додека во женска конкуренција Бојана Јовевска од Пехчево исто така стигна до бронзениот медал.

ДВЕ СРЕБРА ВО ШАХОТ

Македонија имаше двоен успех и на шаховските табли. Илијана Велева од Свети Николе го освои второто место во женска конкуренција. Во машка конкуренција, среброто му припадна на Давид Атанасовски од Гази Баба. Така, шаховската репрезентација на Македонија од Сплит се враќа со две сребрени одличја.

ПРВИОТ МЕДАЛ – БРОНЗА ЗА НАСКОВСКИ

Првиот македонски медал на оваа меѓународна завршница го освои Наум Насковски, кој беше трет во трката на 60 метри во категоријата момчиња родени 2017 година.

МАКЕДОНСКА БРОНЗА ВО 3×3 – КУМАНОВО И СТРУМИЦА ВО ДИРЕКТЕН ДУЕЛ

Посебно интересна е приказната од 3×3 кошарката. Во борбата за третото место се сретнаа две македонски екипи – Куманово и Струмица.

Така, Македонија уште пред почетокот на мечот имаше обезбедено место на подиумот, а бронзениот медал на крајот му припадна на победникот во македонскиот дуел.

САРАЈ ЧЕТВРТИ ВО ФУДБАЛ

Во Coca-Cola Cup 2011, македонскиот претставник Сарај од Скопје стигна до мечот за третото место.

СЕДУМ МЕДАЛИ И ПРОДОЛЖЕНИЕ НА МАКЕДОНСКАТА ПРИКАЗНА

Со денешните пет одличја, Македонија стигна до вкупно седум медали на своето прво учество на меѓународната завршница:

Јован Пармачки – пинг-понг
Илијана Велева – шах
Давид Атанасовски – шах
Мартин Ристевски – пинг-понг
Бојана Јовевска – пинг-понг
Наум Насковски – 60 метри
3×3 кошарка – Македонија

Во Сплит продолжува големото меѓународно финале, во кое настапуваат најдобрите млади спортисти од земјите учеснички.

Во следните денови следуваат и централните настани од завршницата и одбележувањето на 30-годишнината на Плазма Спортските игри на младите.

Од Сплит продолжува македонската спортска приказна.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons