Таневски го објави списокот на фудбалери кои ќе играат на Медитеранските игри
Македонија на Медитеранските игри ќе настапи со фудбалери до 20 години, а во нашата група се селекциите на Мароко, Тунис и Турција.
Избраниците на селекторот Александар Таневски ги очекуваат три натпревари во групата, а настапот во Таранто ќе биде значајно меѓународно искуство за македонските фудбалери. Македонија е во Групата А, заедно со Мароко (26.08), Тунис (22.08) и Турција (24.08). Целта во групната фаза ќе биде да се обезбеди што подобар пласман и место во завршницата на турнирот.
Селекорот Александар Таневски за натпреварите во Таранто ќе смета на следните фудбалери:
Голмани: Стефан Јованоски (Млада Болеслав), Чешка, Давид Илоски (Пелистер);
Одбрана: Златко Радески (Тетекс), Адис Мурати (Башкими), Давид Голубов (Детонит), Лука Атанасовски (Тетекс), Андреј Велков (Тиквеш), Андреј Мурџески (Скопје);
Среден ред: Омар Беровиќ (Скопје), Никола Манојлов (Силекс), Виктор Делов (Беласица), Емир Шаботиќ (Детонит), Харун Незировски (Хелсинборг);
Напад: Димитар Данев (Вардар), Салим Арифи (Митровица), Марко Николовски (Охрид Лихнидос), Давид Матески (Охрид Лихнидос), Андреј Стојановски (Скопје);
Медитеранските игри во Таранто се одржуваат во август и септември 2026 година, а фудбалскиот турнир е еден од спортовите во програмата на Игрите.



