Македонија

Погледнете ја листата на 14-те најсилни земјотреси кои ја потресле нашата земја низ историјата

Земјотресот кој се случил во Валандовскиот крај во 1904 година се смета за најсилен не само во Македонија, туку и на Балканот.

Тогаш имало првичен релативно силен удар, по што следел и главниот удар кој бил со јачина од 7,8 степени по Рихтерова скала.

Земјотресот од 1904 година во пехчевското епицентрално подрачје се смета за најсилен на Балканот. Измерена е јачина на земјотрес М=7,8 по Рихтерова скала, а почувствуван со 10 степени по Меркалиева скала.

Во Македонија има триесетина епицентрални подрачја, а најсилни земјотреси се регистрирани во валандовското, скопското, дебарското и пехчевското подрачје.

Oд поново време се памети земјотресот во Скопје. На 26 јули 1963 година во 05:17 часот, Скопје било разурнато од земјотрес почувствуван со 9 степени по меркалиевата скала и јачина М=6,1 по Рихтерова сеизмичка скала, а помали потреси имало до 05:43 часот.

Скопскиот земјотрес се почувствувал на простор од околу 50.000 квадратни километри. Од потресот биле урнати 15.800 станови, а оштетени 28.000. Над 200.000 луѓе останале без покрив над глава. Под урнатините животот го загубиле 1.070 негови граѓани, а биле повредени над 4000 граѓани.

Земјотресот е почувствуван во Скопје со интензитет од IV-V степени според Меркалиевата скала, IV степени во кумановскиот регион, III степени во тетовскиот и велешкиот регион.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons