Пирло ќе биде нов селектор на Италија
Италијанската фудбалска федерација постигна договор со Андреа Пирло за нов селектор на репрезентацијата на оваа земја.
Андреа Пирло ја прифатил понудата од фудбалската федерација и ќе стане селектор на Италија.
Се работи за долгодишен проект менаџиран од Паоло Малдини и Леонардо.
Во наредните денови Пирло треба да потпише договорот по што и официјално ќе биде потврден за нов селектор.
Претходно Италијанците беа одбиени од Гвардиола кој не беше задоволен од финансиската гледната точка, како и од Анчелоти кои има договор со Бразил.



