МагазинНајново

Денеска сончево и топло време, попладне е можен пороен дожд

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а ќе дува и слаб ветер од северозападен правец. Попладне ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се движи  од 7 до 16 степени, а максималната ќе достигне од 24 до 33 степени, информира Управата за хидрометеоролошки работи.

И во Скопје времето ќе биде сончево, со слаб до умерен ветер, додека во попладневните чесови можен е краткотраен пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 30 степени.

Од утре, во текот на наредната седмица, времето ќе биде релативно топло. Претпладне ќе биде сончево со променлива облачност, а во попладневните часови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Во четврток се очекуваат поинтензивни процеси со пообилен пороен дожд.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons