Денеска циклон ни носи обилни врнежи, грмежи и ветер
Територјата на Македонија до крајот на денешниот денќе биде под влијание на циклонска активност југоисточно од нас и на влажна и на нестабилна воздушна маса која ќе услови за имаме облачно време со врнежи од дожд кои особено во западните и во југозападните предели ќе бидат обилни и поројни и проследени со локална појава на грмежи и со засилен ветер од северен и од северозападен правец (до околу 60 км/час).
Локално атмосферските процеси во овие предели може да бидат поинтензивни и во форма на невреме.
Во западните и во југозападните предели локално ќе наврне поголемо количество на дожд (над 20 литри на метар квадратен дожд).
Во Скопје и околиата до крајот на денешниот ден времето ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд кои во делови од котлината повремено може да бидат и пообилни и проследени со услови за појава на ретки грмежи. Повремено ќе дува засилен ветер од северен и од северозападен правец.
Температурата во текот на денешниот ден вторник 19 мај 2026 ќе ни биде под просекот за месец мај и таа ќе се искачува во интервалот од 14 до 23 степени а во Скопје и околината таа ќе се искачи до околу 19 степени.



