Македонија

Анестезиолог од КАРИЛ е лекарот кој добил рекордна плата од скоро 12.000 евра

Лекарот со рекордно висока месечна плата од околу 12.000 евра е анестезиолог од Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување (КАРИЛ), пишува порталот „Фокус“.

Според изворите на „Фокус“, докторот често бил ангажиран и на други клиники поради недостиг од кадар, но се поставува прашањето како е можно да се прикаже ангажман од 24 часа дневно во текот на цел месец.

Министерот за здравство Азир Алиу посочи дека постојат сериозни разлики во ангажманот на лекарите, при што некои прикажуваат нереално високи работни часови и примања. Премиерот Христијан Мицкоски исто така изјави дека дел од здравствените работници евидентирале континуирана работа без пауза за да добијат високи примања.

Овој случај отвори сомнежи за можни злоупотреби во системот, особено во делот на дежурствата и дополнителната дејност. Министерството најави воведување систем за евиденција со отпечаток од прст со цел подобра контрола.

Во меѓувреме, дел од лекарите реагираат дека не треба сите да се ставаат во ист кош и бараат да се утврди индивидуална одговорност.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons