Спорт

Огромен интерес во БиХ за натпреварот против Македонија, билети нема уште многу

Фудбалската репрезентација на Македонија на 29 мај ќе одигра пријателски натпревар против Босна и Херцеговина, а интересот за оваа средба е исклучително голем.

Според информациите од тамошниот фудбалски сојуз, веќе се продадени околу 22.000 билети за дуелот што ќе се одигра на стадионот „Асим Ферхатовиќ Хасе“. Иако капацитетот на стадионот изнесува околу 34.000 места, претходно беше најавено дека нема да биде исполнет до последно место поради одредени ограничувања.

Големиот интерес се должи и на фактот што за босанските навивачи ова ќе биде можност да ја испратат својата репрезентација пред настапот на Светското првенство во САД. Се очекува селекцијата да одигра уште еден контролен натпревар пред Мундијалот, најверојатно против Панама.

Светското првенство стартува на 11 јуни, а Босна и Херцеговина ќе се натпреварува во група со Канада, Катар и Швајцарија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons