Актуелно

Во март „Сејф сити“ регистрирал 26.241 сообраќајни прекршоци – минувањето на црвено намалено за над 68% во однос на февруари

Од МВР денеска информираат дека во периодот од 01.03.2026 до 31.03.2026 од страна на системот „Безбеден град“ на подрачјата на градовите и Коридорите каде се поставени камери, регистрирани биле вкупно 26.241 прекршок.

Од вкупниот број на регистрирани прекршоци за минување на затворен сигнал (црвено светло) констатирани биле 70 прекршоци што претставува намалување на 68.2% во споредба со месец февруари, најголемиот број се за управување на возило со брзина поголема од дозволената 25.230, а во текот на март месец беа регистрирани дури 941 прекршок за управување на возило со измината важност на сообраќајната дозвола.

Исто така, изречени биле вкупно 544 мерки забрана за управување со возило, чиј број бележи намалување од 16.7% во однос на минатиот месец. Од нив 70 се за минување на црвено светло, а 474 се за брзо возење, од кои 362 за брзина поголема од 80 км на час во населено место, 70 за брзина поголема од 10 км – сопствено ограничување на возило и 42 за брзина поголема од 170 км на час во ненаселено место.

„Апелираме до сите учесници во сообраќајот да се почитуваат сообраќајните правила и прописи и сите заедно да придонесеме за посигурни и побезбедни патишта“, порачаа од МВР.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons