МагазинНајново

Ладна воздушна маса од север во Македонија: Облачен и ладен ден пред нас

Метео анализа на Славчо Попоски:

Територијата на Македонија  и до крајот на денешниот ден четврток 19-ти март 2026 ќе се наоѓа под влијание на ладна воздушна маса која се спушта од север.

Во исто време ќе бидеме под послабо влијание на циклонски систем со центар над Јонското море. Во ваква ситуација времето ќе биде претежно облачно а особено во западните предели ќе има слаби врнежи кои ќе бидат од дожд во градовите и од снег на повисоките места  и на планините со надморска височина од над 1000 метри.

Не се исклучува можноста по некоја снегулка да провее  и на местата со надморска височина од под 1000 метри. Ќе дува ветер од северен и од североисточен правец кој повремено ќе засилува на интензитет. Во  Скопје  и околината времето денес ќе биде претежно облачно и релативно суво со слаб до умерен ветер од северен правец  и тој повремено ќе засилува на интензитет.

Температурите денес ќе се искачуваат во интервалот од 8 до 14 степени а во Скопје  и околината денес температурата ќе се искачи до околу 14 степени.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons