Вардар има претставник помеѓу најдобрите ракометари во Европската лига
Одличните настапи на Јака Малус не останаа незабележани – бекот на Вардар доби признание со изборот во идеалниот тим на главната фаза од Европската лига.
Словенечкиот репрезентативец во изминатиот период е еден од клучните играчи во составот на „црвено-црните“, носејќи ја играта на тимот со сигурност и квалитет. Неговите константно добри партии логично го донесоа меѓу најдобрите во натпреварувањето.



