Македонија

Помошта од странските земји беше силна потврда дека имаме пријатели

Mинистерот за надворешни работи Тимчо Муцунски пишува дека по трагедијата во Кочани, помошта од странските земји беше силна потврда дека имаме пријатели ширум светот – пријатели кои ја разбираат нашата болка и сочувствуваат со трагедијата.

„Искрена благодарност до сите земји кои дадоа несебична и силна поддршка – како за лекувањето на македонските пациенти во странство, така и за третманот на пациентите во нашата земја. Тоа е силен гест на хуманост и солидарност што нашата држава ќе го памети засекогаш“, стои во објавата на Муцунски на ФБ.Во пожарот во дискотеката „Пулс“ лани на 16 март загинаа 63 луѓе, а околу 200 беа повредени. 

Многу земји згрижија повредени и им укажаа помош, а дел испратија персонал во Македонија. 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons