Израел го нападна Иран, САД се придружија: Експлозии одекнуваат низ Техеран (ВИДЕО)
Израел утрово започна, како што рече, „превентивен напад“ врз Иран, изјави министерот за одбрана Израел Кац, додека низ целиот Израел е прогласена вонредна состојба.
Владата прогласи вонредна состојба поради очекуваната иранска одмазда со беспилотни летала и балистички ракети.
Во Техеран, главниот град на Иран, се слушнале три експлозии, пренесуваат иранските медиуми.
Како што наведува Њујорк тајмс, САД и Израел заедно го нападнале Иран.



