Филип Блажевски и Душица Бреслиева прогласени за најдобри спортисти во олимписко теквондо
Македонската Теквондо Федерација (МТФ( ги прогласи Филип Блажевски од ТКД Бутел и Душица Бресалиева од ТК Штип, за најдобри спортисти во олимписко теквондо за 2025 година.
Двајцата спортисти се сериозни олимписки надежи, двајцата ги постигнаа најголемите спортски успеси во олимписко теквондо за 2025 година.
Блажевски освои бронзен медал на европско првенство У21, а Бреслиева беше петтопласирана на европски младински олимписки игри.
Воедно, МТФ одржа редовно годишно собрание на кое беа донесени важни одлуки.
Стефан Костовски беше избран за генерален секретар на МТФ, потоа исцртан е лига системот за 2026 година, а донесена е и годишна програма за работа на МТФ. Федерацијата останува со својата највисока цел, остварување на врвни спортски резултати.




